Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Комити > Спектакл на Градски, по подолго време две навивачки групи!
Спектакл на Градски, по подолго време две навивачки групи!

Спектакл на Градски, по подолго време две навивачки групи!

В недела треба да биде празник на навивањето. По подолго време, во Скопје доаѓаат навивачките на прилепска Победа, популарните ”Мајмуни”. Oд друга страна пак, нашите навивачи, популарните ”Комити” подготвуваат вистински спектакл за овој натпревар. Се очекува по подолго време, голем број на навивачи да дојдат на западната трибина. За добрата организација на овој натпревар, говори и податокот дека со секој купен билет, ќе добиете и гратис маица од Комити. maica-komiti

Нашите навивачи исто така потсетија дека веќе можат сите да си набават и билет за овој натпревар. Билетите за натпреварот ВАРДАР – Победа, ќе можете да ги купите на билетарата на Градски од денес до недела од 14:00 до 18:00 часот. Дојдете сите в недела на Градскиот стадион заедно да навиваме за нашиот Вардар во нови победи.