Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мечот со Шкендија шанса за бодовна предност и “искупување“ на кискот со Слога
Мечот со Шкендија шанса за бодовна предност и “искупување“ на кискот со Слога

Мечот со Шкендија шанса за бодовна предност и “искупување“ на кискот со Слога

Во не така поволен момент за скопските црвено – црни доаѓа дербито со тетовска Шкендија во недела 16-ти Август на стадионот на Башкими во Куманово . Вардар дома изгуби два предвидени бода со Слога и гостува на дирекниот конкурент во Куманово каде лани немавме успех и единствено они ни нанесуваа пораз во пролетниот дел .

Моментално формата на Вардар е загрижувачка дома реми и бледа победа над ФК Кожуф од само 1-0 од пенал во 1/16 финалето од купот . Сепак најважното следи во недела кога ќе имаме шанса да го покажеме целиот квалитет и да се искупиме за киксот од Арената Филип втори со новиот прволигаш Слога . Нашите момци очекуваме да се издигнат и да покажат колку е големо срцето вардарово и со три бода од сегашната негатива од два бода со дирекниот конкурент да преминат во позитива од еден бод предност на табелата . Вардар има квалитетен ростер со кој располага новиот шеф на стручниот штаб Гоце Седлоски за кој се надеваме дека токму во недела ќе ја има првата првенствена победа во својата кариера на црвено – црната клупа . Затоа апел до нашите момци храбро и пожртвувано направете да бидеме горди на вас да се гордееме во недела донесете ни “цел плен “ од Куманово за вас , за нас навивачите , за Скопје за Македонија .

НАПОМЕНА :Дуелот е закажан за 17-30 часот и истиот ќе може да го следиме низ директен пренос на видео стрим на официјалната веб страница на нашиот ФК Вардар .