Сосема очекувано екипата на Рк Вардар ја забележи првата победа на турнирот “Кањижа куп 2015“ , против екипата на Партизан. Во текот на целиот натпревар нашиот тим имаше константно водство, кое се повеќе се зголемуваше како се ближеше крајот на мечот. Партизан само во почетните десет минути беше рамноправен противник, кога не дозволуваше на Вардар да направи поголема разлика. Сепак постепено ја градевме играта и зголемувавме предноста. На полувреме се замина со резултат 19:12.
Во вториот дел набрзина направиме серија на погодоци, за да имаме двоцифрена предност. На моменти имавме и најголема позитива изразена во 14 гола разлика. До крајот го одржувавме ова водство, за на крај да заврши со конечни 40:28. Данил Шишкарев беше најефикасен играч со 8 постигнати голови. Лазаров, Марсениќ, Дибиров и Деревен додадоа по 4 голови. Денес играме нов меч, против вицешампионот на Словенија, екипата на Горење Велење. Дуелот е закажан да се игра од 18 часот. Доколку забележиме победа ќе играме во големото финале на овој турнир.