Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Македонија поразена од Словенија, на Европското кадетско првенство во Скопје
Македонија поразена од Словенија, на Европското кадетско првенство во Скопје

Македонија поразена од Словенија, на Европското кадетско првенство во Скопје

Македонската кадетска репрезентација го доживеа и вториот пораз, на Европското првенство за девојки до 17 години кое се игра во Скопје. Нашите девојки немаа многу сили да направат подвиг и да забележат позитивен резултат. Уште од стартот на мечот, Словенките ја презедоа играта и предноста на своја страна. Лошата завршница во нападот беше главната причина за брзото одлепување на противникот. Ние за 20 минути игра постигнавме само 4 погодоци, што максимално го користеше Словенија. На полувреме се замина со резултат 17:9.

Благодарение на одличната на голот Јована Мицевска, која доаѓа од редовите на Вардар, успеавме да ја намалиме негативата. Сепак тоа беше само краток период, кога успеавме да го надиграме противникот, кој се враќаше во игра со серија на погодоци. Во еден момент имаа и двоцифрена предност, по што беше јасно кој ќе забележи триумф на овој дуел. Конечниот резултат гласеше 31:20.

Најефикасна ракометарка во нашиот табор беше Вељановска (5), која беше прогласена и за најдобар играч во нашата репрезентација. Александра Вељаноска доаѓа од екипата на Вардар. Владева постигна (4) и уште една ракометарка од Вардар Гичевска додаде (3) голови. Денес е слободен ден на Европското кадетско првенство.