Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинските ракометни клубови на Вардар, на подготовки во Копаоник
Младинските ракометни клубови на Вардар, на подготовки во Копаоник

Младинските ракометни клубови на Вардар, на подготовки во Копаоник

Кадетската и младинската екипа на Жрк Вардар се наоѓа на подготовки во Копаоник, каде ќе остане се до 23-ти август. Својот прв собир за новата сезона го имаа на 11-ти август во Скопје. Во Копаоник е планирано да одиграат пријателски натпревар со кадетите и младинците на Рк Вардар, кои исто така се наоѓаат тука. Екипата не е комплетна, поради играњето на неколку ракометарки на Европското првенство за кадетки во Скопје.

Благојче Весиќ кој беше прв тренер на тимот минатата сезона, премина во Рк Работнички да работи како помошник на Андон Бошковски. Билјана Пецевска остана во клубот и ќе биде предводник од клупата на овие девојки. Нова ракометарка е Магдалена Серафимова. Клубот го напуштија Марија Тошеска, Стефанија Фидановска, Анастасија Петровиќ и Гордана Давидкова.

Својот дел од главните подготовки на Копаоник, ќе го одработат и младинските екипи на Рк Вардар.