Денес црвено-црните ги започнуваат настапите на турнирот “Кањижа куп 2015“. Прв противник е белградски Партизан. Црно-белите своите подготовки ги започнаа на 3-ти август. Тимот го напуштија Марсениќ( Вардар), Илиќ(Работнички) како и Чучуз и Филиповиќ. Нови играчи се: Томиќ, Стошљевиќ и Шотра. Веќе е одигран и првиот натпревар во нашата група помеѓу екипите на Партизан и Горење Велење(Словенија), кој заврши со победа на Горење. Конечниот резултат гласеше 30:42. На овој дуел црно-белите настапија без Иван Поповиќ и Миломир Радовановиќ. Само во првите десет минути, Партизан беше рамноправен противник. Горење беше далеку поквалитетен и пружа многу подобра игра. Турнирот го отворија екипите на Нексе и Саудиска Арабија, поуспешен беше тимот од Хрватска(27:21).
После високиот триумф синоќа против Турски Нулифер (42:28), денес со почеток од 18 часот ќе играме против екипата на Партизан. Се очекува сигурна игра и победа бе некои поголеми проблеми. Нашиот тим е во фаза на воигрување на новите играчи, за побрзо вклопување со остатокот од тимот.