За неделното дерби во Првата македонска фудбалска лига помеѓу домаќинот Шкендија и нашиот Вардар македонската “куќа на фудбалот“ за делител на правдата го одреди Мечкаровски Димитар од Скопје . Овој меч ќе се одигра во Куманово на стадионот на Башкими (види) .
Вардарци влегуваат во дербито со негатива од два бода во однос на тетовчани по киксот дома во првото коло со тимот на Слога од Чаир кога одигравме само 2-2 . На дербито помошници на Мечкаровски ќе бидат Неделковски Дејан и Петревски Гоце кои како и четвртиот судија Тошевски Саше доаѓаат од Скопје . Мечот е закажан со почеток во 17 часот и 30 минути . Од истиот како што не известија од клубот обезбедиле видео стрим за на официјалната веб страница . Со ова навивачите на скопските црвено-црни и останатите љубители на фудбалот ќе имаа можност да ги следат возбдувањата во Куманово .