Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар започна со голема победа, на првиот натпревар во новата сезона
Рк Вардар започна со голема победа, на првиот натпревар во новата сезона

Рк Вардар започна со голема победа, на првиот натпревар во новата сезона

Избраниците на Раул Гонзалес го одиграа првиот подготвителен натпревар во новата сезона. Противник беше тимот на Нилуфер кој е вицешампион на Турција, против кој забележавме висок триумф. Конечниот резултат гласеше 43:28. Ова беше прв тест меч, после тешките кондициони подготовки во Крањска Гора. Вардар беше изразит фаворит во овој дуел, па својата големина ја покажуваше во текот на целиот натпревар. Уште на полувреме имавме висока предност од 19:12. Најважно е што шанса за играње добија сите, со речиси подеднаква минутажа за секој играч.

Овој дуел се играше во Ада, тоа е место во Војводина од каде потекнува нашиот голман Арпад Штербик. Голманската легенда имаше топло добредојде во родниот крај кој беше дочекан со големи овации, но и подарок од присутните. На овој меч, највеќе се истакнаа крилните играчи. Дибиров, Манасков и Шишкарев постигнаа по 6 голови. Ова беше само вовед во серијата на натпревари кои ги чека црвено-црните во периодот кој следи. Денес ги започнуваат настапите на турнирот “Кањижа куп“. Прв противник е екипата на Партизан од Белград.