Вчера во Скопје започна Европското кадетско првенство за девојки до 17 години. Македонската репрезентација го одигра својот прв натпревар, на кој доживеа висок пораз од селекцијата на Шведска. Нашите девојки беа рамноправен противник само во првите 30 минути, кога успеваа да одржат резултатска рамнотежа. Долго време во првото полувреме резултатот беше и израмнет, но сепак противникот со неколку голови во серија успеа да замине со предност на полувреме 14:11.
Во вториот дел следеше голем пад во играта на Македонската репрезентација. Многу се грешеше во нападот, тоа знаеаа на многу добар начин да го искористат Шведска. Со брзи голови во контра напади го зголемуваа водството и се повеќе се одлепуваа од нашиот тим. Веќе во 47 минута имаа и двоцифрена предност, во тие моменти не беше доведена во прашање нивната висока победа. Конечниот резултат гласеше 32:16.
Најфикасни во нашиот состав беа Леонида Гичевска( Вардар) и Ања Велкова со по 4 постигнати голови. Денес продолжуваат настапите, со меч против Словенија. Овој дуел се игра исто така во С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 19 часот. Влезот е бесплатен за сите љубители на ракометот.