Вечерва со почеток во 20 часот нашите ракометари го играат првиот натпревар на овие летни подготовки во Кањижа. Противник на нашите момци ќе биде турскиот вицешампион на својата земја, екипата на Нилуфер.
Воедно ова ќе биде и деби натпревар во црвено – црниот дрес за новите играчи: Македа, Деревен, Манасков, Марсениќ, Циндриќ. Ќе биде интересно да видиме како ќе се вклопат во екипата на Вардар на првиот официјален натпревар овие нови играчи.
Напред Вардар!