Дечињата на Вардар им беа поддршка на првиот тим на Фк Вардар на вчерашниот натпревар од купот на Македонија одигран во Гевгелија. Како што е познато дечињата од школата на Вардар се на подготовки во близина, па оваа можност ја искористија да им дадат поддршка на своите миленици, а по натпреварот и да се фотографираат со нив.
На натпреварот во Гевгелија имаше преку 40-тина дечиња на Вардар, и повеќе од 10-тина Комити кои допатуваа од Скопје да го бодрат својот миленик.
Фото: fkvardar.mk