Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Андреј Милевски: Во новата сезона, заедно со новиот тренер само со двојна круна сезоната ќе ја сметаме за успешна
Андреј Милевски:  Во новата сезона, заедно со новиот тренер само со двојна круна сезоната ќе ја сметаме за успешна

Андреј Милевски: Во новата сезона, заедно со новиот тренер само со двојна круна сезоната ќе ја сметаме за успешна

Андреј Милевски во новата сезона ќе настапува за кадетите на фудбалскиот клуб Вардар, каде дојде минатата година. Претходно осум години тренираше во Фк Форца. Поради една незгодна повреда, беше принуден да го пропушти поголемиот дел од изминатата натпреварувачка сезона.

-Точно така, поради повреда ја пропуштив цела втора полусезона. Мислам дека до почеток на новата сезона ке бидам во посакуваната форма, со напорна работа како до сега. Тој период од 4 месеци без тренинг беше навистина тежок, но што е најважно се помина како што треба.

Во изминатиов период со својата генерација учествуваше на “Скопје куп“, каде го освоија деветото место.

На “Скопје купот“ бевме во група со Крпан Бабич од Хрватска, Дит Софија од Бугарија и Сесвете од Хрватска. Поради тоа што ни се промени тренерот, на утакмиците против Крпан Бабич и Дит Софија сеуште испробувавме разни формации и се правеше составот. Последната утакмица во група ја одигравме со Сесвете која заврши 0:0. Во плеј-оф, на три утакмици забележавме три победи со екипите на Пелистер, Славија Софија и Шкендија. Резултатот на сите три беше 1:0. Голот против Пелистер го постигнав јас, против Славија Софија Дамјан Менкиноски, а против Шкендија во финалето Дејан Маркоски.

Во сезоната која следува за десетина дена, очекувањата од оваа генерација се многу поголеми.

Секако дека секогаш се очекува многу повеќе од нас, затоа што сме Вардар. Во новата сезона, заедно со новиот тренер само со двојна круна сезоната ќе ја сметаме за успешна, изјави Андреј Милевски за Вардарфанс.

Звонко Ивановски