Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Индира Кастратовиќ – Сега нашата задача е вклопување на засилувањата и воигрување на тимот
Индира Кастратовиќ – Сега нашата задача е  вклопување на засилувањата и воигрување на тимот
Момент од мечот со Мио Биганос

Индира Кастратовиќ – Сега нашата задача е вклопување на засилувањата и воигрување на тимот

Избраничките на Индира Кастатовиќ вчера во Франција го имаа првиот тест-дуел на овогодинешните подготовки  . Нашите црвено- црни девојки на истиот беа   поуспешни од тимот на Мио Биганос со резултат 33:25. Најефикасни на мечот кај ЖРК Вардар беа Сања Дамњановиќ и Дембеле со по 7 постигнати погодоци.

Шефот на стручниот штаб Кастратовиќ по завршување на дуелот во Франција по кој следат уште три теста со домаќинот Флери ги искажа својте впечатоци од играта на премиерниот меч на својте избранички во новата сезона . Таа во својата изјава која ја пренесува клубскиот сајт вели :

Ова се први натпревари по кондиционите подготовки на екипата, така што веднаш не очекуваме резултат, туку пред сѐ важно ни е да бидеме воиграни и новите играчи да се вклопат во нашиот начин на работа. Тоа денеска го покажа Сања Дамнњановиќ која заедно со Дембеле беа најпрецизни на натпреварот, постигнувајќи по 7 гола. Сите играчи добија минутажа и така ќе биде и на следните натпревари. Нашите спаринг партнери добро ни помагаат во подготовката. Засега најважно е сите да бидат здрави и да се подига формата полека, со отстранување на сите евентуални грешки. Радува и тоа што во форма се врати и Тања Хмирова по ланската повреда. Таа сега е големо засилување и од голема помош за екипата.