Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Металург поуспешен во кадетското фудбалско дерби против Вардар
Металург поуспешен во кадетското фудбалско дерби против Вардар

Металург поуспешен во кадетското фудбалско дерби против Вардар

Денес на теренот во населбата Јане Сандански се одигра фудбалски кадетски натпревар, помеѓу екипите на Вардар и Металург. Поуспешни беа гостите од Железарница, кои славеа со резултат 0:2.

Тренерот Колев стартуваше со следниве 11-сетмина: Денковски, Јордановски, М. Стојчески, Петрески, Х. Стојчески, Кливановски, Антовски, Маркоски, Насковски, Бериша, Соименов.

5

Овој натпревар започна динамично, а првиот удар го имаше Гоце Насковски од редовите на Вардар. Веднаш после него се обиде и Христијан Стојчески, кој бие само во рацете на добро поставениот голман на Металург. Во првите 25 минути, црвено-црните беа подобрата екипа на теренот, создавајќи неколку шанси. Од корнер при нафрлена топка, имаше можност стоперот Јордановски, кој со глава бие над голот. Вардар ја имаше најголемата шанса да го отвори резултатот, преку Јакуп Бериша кој продре од десната страна имаше отворен простор се реши да биде, но противничкиот голман успешно одбрани. Следеа минути кога гостинската екипа се закануваше кон нашиот гол.

6

Најпрво се обидоа гостите од слободен удар, но ништо опасно кон голот на Денковски. При едно невнимание во нашата одбрана, екипата на Металург има голема прилика, но нивниот играч од непосредна блиѕина не успева да го совлада нашиот чувар на мрежата. Уште една шанса сврзе противникот, но повторно Денковски е на своето место. Во последните пет минути од првиот дел, црвено-црните се обидоа преку Бериша и Насковски, но беѕ реалиазција, На полувреме резултатот е оној почетниот 0:0.

7

На стартот на второто полувреме правиме две измени. Во игра влегуваат Благојевиќ и Мушиќ, на местото на Антовски и Кливановски. Пасивноста на Вардар е казнета, Металург успева да ја затресе нашата мрежа и да поведе со 0:1.Слабо игравме и во второто полувреме, сепак се обидувавме да стигнеме до некоја шанса ѕа погодок.  Најголема шанса имаше Јордановски, кој со глава не успева да го совлада голманот на Металург. Во следните 15 минути немаше некоја поголема шанса, падна играта и на двете страни, голманите речиси и да немаа никаква работа. Обид имаше капитенот Дејан Маркоски, но ништо посериозно. Уште еден гол за противникот, кој става точка на натпреварот за водство од 0:2. Конечниот резултат на крајот е 0:2. Со овој пораз, нашите кадети и теоретски ја загубија борбатаз а титулата.