Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > УШТЕ 60 МИНУТИ НЕ ДЕЛАТ ДО ИСТОРИЈА И ОСВОЈУВАЊЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ
УШТЕ 60 МИНУТИ НЕ ДЕЛАТ ДО ИСТОРИЈА И ОСВОЈУВАЊЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

УШТЕ 60 МИНУТИ НЕ ДЕЛАТ ДО ИСТОРИЈА И ОСВОЈУВАЊЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

Екипата на ЖРК Вардар за прв пат ќе има можност да игра во големото финале на ЛШ и да се бори за европската круна. Последната пречка за Вардарки до испишување историја за клубот е екипата на Ѓер. Вчера тие ги добија полуфиналните натпревари против екипите на Букурешт и Ѓер и денес ќе се борат за трофејот од најголемото ракометно натпреварување.

Избраничките на Мартин Амброс играат одлична сезона, каде на 11 натпревари во двeте групни фази имаа девет победи, само еден нерешен резултат и еден пораз. Единствено екипата на Митјиланд успеа да го совлада Ѓер, додека Ларвик беше тимот кој му “откина“ бод во главната рунда од ЛШ. Дури шест играчи на Ѓер се наоѓаат во листата на ТОП-50 најдобри стрелци. Највисоко котира Нора Мерк која има 79 постигнати голови, во пресрет на финалниот натпревар. Тука се и капитенот Анита Горбич со 77 голови, како и Аморим Талеска која има 67 голови. Опасност зa нашиот гол се и Холандските репрезентативки, Брох и Грот. Вардар и Ѓер досега имаат одиграно четири натпревари, две победи им припаднаа на Унгарките, еднаш победи Вардар и еден меч ѕаврши со нерешен резултат. Во сезоната 2014/15 двете екипи се сретнаа во четврфиналето, каде поуспешни беа црвено-црните. На првиот натпревар одигран на домашен терен Вардар го доби Ѓер со резултат 24:18, додека на реваншот во Унгарија игравме со нерешен резултат. Минатата сезона се сретнавме во главната група, каде двата меча им припаднаа на денешниот противник. Ѓер последниве десет години е во врвот на европскиот ракомет и секогаш е еден од најголемите претеденти за освојување на лигата на шампиони.

Вардар после три сезони ѕа прв пат избори големо финале и покажа дека е “зрел“ за освојување на европската титула. Вчера одигравме врвен ракомет, каде игравме константно добро во текот на сите 60 минути. Имавме силно темпо на игра, каде сите ракометарки дадоа максимум на теренот. Се виде желбата кај нашите играчи, кои четири години го очекуваат овој голем момент за нив, кои имаат шанса да испишат историја за клубот. После Кометал Ѓ.П, екипата на Вардар е најблиску да го повтори нивниот успех и да застане на тренот на Европа. Денешното финале на програмата е во 17:45 часот со директен пренос на МРТ-1. Вардарки имаат поддршка во Будимпешта од своите навивачи, кои во солидна бројка го бодреа тимот на полуфиналниот натпревар. Им посакуваме многу среќа на нашите девојки, кои сме сигурни дека ќе остават срце на терен на денешното финале.