Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јуниор лига: РК Кастратовиќ дојде до “бронза“ кај девојките во генер.2004/05
Јуниор лига: РК Кастратовиќ дојде до “бронза“ кај девојките во генер.2004/05

Јуниор лига: РК Кастратовиќ дојде до “бронза“ кај девојките во генер.2004/05

Денес  во големата сала во С.Ц “Јане Снадански“ се играат натпреварите од финалниот дел во Вардар Јуниор лигата. Во малото финале за “брозна“  кај девојките од генерација 2004/2005 екипата на РК Кастратовиќ Вардар триумфираше минимално во еден интересен дуел со РК Општина Кисела Вода Вардар со 14-13.

0

Први со гол мечот го отворија Кастратовиќ, девојките на оваа екипа по неколку минути игра водеа со 3-0. Потоа се играше игра гол за гол на двете страни и на средината од полувремето откако двата женски тима погодија по три пати во мрежата на својот ривал резултатот  беше 6-3 во корист на РК Кастратовиќ Вардар. Следеа минути на девојките на РК Општина Кисела Вода Вардар кои со серија 1-3 го одведоа натпреварот на одмор со минимална негатива. На семафорот во големата сала при С.Ц “Јане Сандански“ стоеше 7-6 за Кастратовиќ за време на одморот.

1

00

Вторите 15 минути почнаа со погодок на Кастратовиќ за резултат 8-6, на што веќе во следниот напад одговорија Кисела Вода кои намалија на 8-7 и најавија интересен втор дел.  Во продолжение се играше борбено двата тима ја посауваа победата, истите постигнаа по три гола во двете мрежи за резултат 11-10. Со мини серија 2-0 Кастратовиќ Вардар се одлепи на “плус три“ 13-10 во финишот. Клупата на Кисела Вода побара минута одмор со цел консолидација. Тие одиграа пресинг по целиот терен што резултираше со намалување на резултатот на 13-12. Сепак до крајот немаше време и прилика за нив Кастратовиќ триумфираше минимално со 14-13. Кај победникот прв стрелец беше Ана Митова со 5 гола, кај поразените Крагељ Мила постигна 7 гола.