Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Металург е следен предизвик за Вардаровитге екипи, во рамките на осмото првенствено коло
Металург е следен предизвик за Вардаровитге екипи, во рамките на осмото првенствено коло

Металург е следен предизвик за Вардаровитге екипи, во рамките на осмото првенствено коло

Претстојниов викенд ќе се одиграат натпреварите од осмото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за Вардаровите екипи ќе биде Металург. Пионерските екипи во сабота се домаќини на теренот на академијата, додека кадетите и младинците во недела ќе гостуваат на Железарница.

Паузата од две недели се надеваме дека добро им дојде на помладите пионери, кои имаат лош старт на сезоната. Во претходното коло избраниците на Сашо Јанев загубија убедливо во дербито со екипата на Рботнилки и се наоѓаат во серија од два последователни порази. Дуелите со Металург минатата сезона беа доста возбудливи. На првиот меч кој тогаш се играше на локомотива , Вардар со голот на Ибрахим Ариф во последните минути од натпреварот успеа да стигне до трите бода. Во пролетниот дел на реваншот на Железарница исто така славевме со резултат 1:2. Се надеваме на подобра игра на нашите помлади пионери на утрешниот натпревар и враќање на стариот “сјај“ кој ги красеше оваа генерација. Мечот започнува од 10 часот.

За разлика од нив, повозрасните пионери сигурно чекорат и оваа натпреварувачка сезона. Пулените на Сашо Тодоровски имаат шест победи и еден нерешен резултат. Во купот имаме активен резултат 1:1 од гостувањето во Тетово против екипата на Шкендија. Не очекува реванш меч кој ќе го даде патникот во следната рунда од националниот куп. Двата меча одиграни минатата сезона со овој противник ги добивме во наша корист. Дома славевме со 3:1, додека на Железарница триумфиравме со резултат 0:2. Квалитетот е на страната на Вардар, играчите треба да излезат на терен и да ја оправдаат фаворитската улога. Дуелот ќе се одигра од 12 часот.

Кадетите после пласманот во полуфиналрто на купот се враќаат на настапите во лигата. Шест победи и еден пораз е учинокот за избраниците на тренерот Колев по првите седум одиграни кола. Само Работнички на крајот успеа да излезе како победник во дуелот со оваа наша генерација. Минатата сезона на истиов терен каде во недела ќе се игра мечот, бевме минимално поразени со 1:0, додека во пролетниот дел на теренот во Марино исто така останавме без бодови, губејќи го мечот со резултат 0:2. Не очекува еден неизвесен натпревар, нијанси и моменти на среќа можат да го одлучат победникот. Натпреварот во недела ќе започне од 09:30 часот.

Младинците после елиминацијата од лигата на шампиони, своите сили ќе ги насочат во домашните натпреварувања. Избраниците на Љупчо Марковски ќе ја “бркаат“ осмата последователна победа во лигата. Одлично играме оваа сезона, каде се пласиравме и во полуфиналето на купот. Минатосезонските натпревари со овој противник беа многу интересни. Најпрво на теренот на железарница, екипата на Металург славеше со резултат 5:1, додека на оној меч кој го игравме на домашен терен, Вардарци славеа убедливо со 5:0. Како ќе биде сега, останува да видиме во недела со почеток од 11:30 часот.