Викендов кој следува започнува нова сезона во ракометната “Јуниор“ лига. Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ова натпреварување им ја исполнува желбата на сите да започнат да се занимаваат со овој спорт. Целта е да се обединат сите ракометни школи од цела Македонија во една лига, а најдобрите играчи да бидат дел од ракометниот клуб Вардар. Истите тие утре можат да бидат и предводници на репрезентацијата кои ќе придонесуваат за големи успеси на европските и светски првенства. Сите услови да бидат тоа што сега го сонуваат, го имаат токму преку Јуниор лигата, која е во целосна организација на најголемиот клуб во Македонија. Двете близначки Ива и Ивона Кимовска се дел од оваа ракометна приказна која ќе продолжи и во новата сезона. Во следнив текст ве запознаваме токму со нив кои се дел од ракометната школа на Кастратовиќ.
-Имавме 6 години кога еден ден нашиот татко ни соопшти дека не запишал во ракометната школа Р.К.Кастратовиќ. Првите тренинзи беа под водсто на Индира и Зоран Кастратовиќ, подоцна ни се приклучи и Билјана Пецевска. Не познаваат во клубот како близначките “Надал“, тој прекар го добивме од Зоран и Индира Кастратовиќ. После тоа година дена трениравме со Здравка Дамовска. Благодарение на нашите родители продолживме да тренираме и секогаш даваме максиум да не се откажеме од ракометот. Ние не потекнуваме од ракометно семејство. Поранешен фудбалер е нашиот татко, а нашиот постар брат Дамјан Кимовски тренира фудбал во школата Форца.
Учесниците во лигата препознаа квалитетен проект, преку кој ќе имаат можност да се усовршуваат и напредуваат. Ива и Ивона беа дел од генерацијата “2002“/“2003“ на РК Кастратовиќ со кој го освоија второто место на завршниот турнир.
-“Јуниор Лигата“ како проект е многу успешен кои на нас ракометарките ни овозможува нашиот талент да го покажеме и докажеме на терен со добри резултати. Минатата сезона бевме дел од “Вардар Јуниор лигата“ и со добра игра стигнавме до Ф4. Со генерација 2002/2003 игравме во финалето и го освоивме второто место со нашата колективна игра и победнички дух. Нашата игра ја оценува нашиот тренер и сите грешки ги поправаме на тренинг. Во новата сезона очекуваме со нашиот клуб Р.К.Кастратовиќ-Вардар да го подигнеме пехарот за првото место. Нашата цел е да бидеме дел од младинската школа на Вардар и да заиграме за првата екипа на овој клуб.
Звонко Ивановски