Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мијушковиќ: Благодарност за поддршката по грешката до: колегите, стручниот штаб и публиката
Мијушковиќ: Благодарност за поддршката по грешката до:  колегите,  стручниот штаб и публиката

Мијушковиќ: Благодарност за поддршката по грешката до: колегите, стручниот штаб и публиката

За жал и ако одигра одличен меч вчера еден момент, еден дел од секунда во кој погреши остави лош впечаток за  дефанзивецот Немања Мијушковиќ. Тој одигра добар меч, освен таа грешка, по истата доби поддршка од колегите, стручниот штаб и публиката. Немања се издигна и потоа одигра во продолжение квалитетен  меч, тој за тоа вели:

Еден ден после натпреварот, после една непреспиена ноќ само малку е полесно. Ама вчера ми беше многу тешко. Не можете ниту да замислите што ми се случуваше во тие моменти кога ја видов топката во мрежата. Да беше грешката на средината на теренот немаше да ми биде толку криво, ама на пет метри од голот… Верувајте бев во голем шок, и сакам да им се извинам на сите за оваа ненамерна грешка. Цела година се подготвуваме за овој натпревар, и потоа се случува вакво нешто. Јас некако ќе поминам низ ова, но ми е многу жал за тимот, за соиграчите, за Вардар. Секако дека сите од играчите и од нашиот стручен штаб ми дадоа огромна поддршка. Веднаш ми пријдоа и ме бодреа, и многу ми помогнаа да продолжам во натпреварот. Да не беа тие не знам како ќе продолжев понатаму. После мечот во соблекувалната ми рекоа дека сум играл добро после грешката, а, верувајте дека не се сеќавам многу од мечот, со оглед дека цело време во главата ми се вртеше таа ситуација.

Тој накратко ја опишува и самата ситуација која доведе да во 21 минута одненадеж “модрите“ поведат со 0-1 со неговиот автогол. Мијушковиќ за ситуацијата која остави печат врз него вели:

Додека леташе топката кон петерецот цело време помислував да ја смирам и да ја изнесам мирно, но, во последен момент одлучив да ја исфрлам што подалеку. Згора на тоа дојде на левата нога. Сигурно дека немав намера така да заврши. Бев во шок кога видов дека топката заврши во нашиот гол.