Црногорскиот ”џин” Богдан Милиќ треба да биде нов играч на црвено – црните , и да го засили нападот на вардарци. Милиќ доаѓа на неколку дневна проба во Вардар, и доколку ги задоволи вкусовоите ќе потпише договор со клубот.
Милиќ има 27 години, висок е дури 202 сантиметри, доаѓа од Младост Подгорица, Mилиќ има и интернационална кариера играјќи за Адо Ден Хаг во периодот од 2008 до 2010 година, Крилја Совјетов, Плзен, и во Јужна Кореа за Гвангжу и Сувон.
Во последната полусезона играше за Младост, има 13 голови во истата полусезона и е убедливо најдобар играч на освојувачот на црногорскиот куп.