Комити имаа свое видено шоу на натпреварот со Апоел. Во нивни препознатлив стил, најпрвин групата се собираше пред Соборниот Храм, каде со кортео тргна кон Градскиот стадион. Комитска песна ечеше низ сите страни на Скопје, како во најдобрите времиња. Како одминуваше времето се повеќе и повеќе Комити се собираат пред Соборниот Храм. Еден ипол час пред почетокот на мечот тие се упатија кон матичната трибина. По пат се слушаше победничка песна, од зградите сите станари излегуваа на своите прозорци да забележат што точно се случува. Пристигнаа и Војводите во голем број кој заслужуваат голем почит, со неколку комби возила тие организирано допатуваа накај Скопје.
По фотографиите може да се забележи. Комитите уживаа со свое шоу од западната трибина, а југот и северот се повеќе го загреваше амбиентот.
Се на се, ова му недостасува на македонскиот фудбал, во континуитет вакви натпревари, за македонската публика да ужива.!
Вардар ти си наш бренд!
Фото: Kocho’s photography