Младинките имаа одличен старт на Европското Првенство кое се одржува во Валенсија -Шпанија . Избраничките на Симе Симовски ја победија Литванија со резултат 31-27 (15-13) во премиерниот меч од групата за нашите девојки .
Нашите девојки се наоѓаат во групата Б на Е.П во која се одигра уште еден меч таму Русија и нанесе пораз на Германија со резултат 26-18 . Оваа победа е вистинско признание за трудот на селекторот Симевски и девојките . Првиот дел беше речиси изедначен на резултатски план нашите девојки во финишот направија мала разлика со која заминаа на полувреме 15-13. Во вториот дел со серија 4-1 нашите девојки зголемија на 19-14 со што покажаа дека победата ќе замине во таборот на црвено-жолтите девојки . Во 40сетата минута стигнаа на максимални на овој меч 7+ односно 22-15. До крајот само прашање на рутина беше да се доведе мечот до позитивен финиш.
Најдобар стрелец беше С.Ристовска (8) , а зад неа следеа двете ракометарки од Жрк Вардар : Нолевска (7) и Митова (5) . Денес нашите девојки ќе излезат на мегдан со репрезенацијата на Германија истиот ќе може да се гледа во живо преку стрим за кој во текот на денот ќе ве известиме .