Екипата на ФК Вардар денес на теренот на Алумина одигра контролен натпревар против екипата на Работнички. Градскиот ривал славеше минимален триумф со резултат 2:1 (1:0).
Екипата на Работнички успеа многу бргу да го отвори резултатот на 1:0, резултат кој долго време беше актуелен. Во вториот дел, вардарци успеаа да го израмнат резултатот со погодокот на нововлезениот Никола Величковски за 1:1 на асистенција од Николовски, но сепак противникот до крајот на мечот повторно го врати водството од еден гол, за на крајот да слави победа со резултат 2:1. Вардар имаше свои шанси на натпреварот, кои останаа неискористени.
Вардар: Гачевски, Ристески, Мишковски, Глишиќ, Велковски, Мицевски (К), Јусуфи, Попзлатанов, Маркоски, Христов и Јаневски.
Шанса за настап во вториот дел добија и младите играчи, Величковски, Цветков и Дошев.