Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го „растури“ Алкалоид, продолжува победничката серија на Шампионот
Вардар го „растури“ Алкалоид, продолжува победничката серија на Шампионот

Вардар го „растури“ Алкалоид, продолжува победничката серија на Шампионот

Вардар стигна до својата 11 последователна победа во домашното првенство. Вечерва во спортската сала во населбата Автокоманда, шампионот на Македонија му одржа лекција на Алкалоид, откако го победи убедливо со резултат 22:30.

Вардар на полувреме имаше предност од 8 гола разлика, избраниците на Недановски одиграа добри 30 минути во кои се стекнаа со висока предност. Натпреварот со гол го отвори Стојанче Стоилов, за Алкалоид да врати и да го израмни резултатот на 1:1. Од тие моменти следеше серија на Вардар од четири последователни голови, сите постигнати од контра напади, по два беа дело на Манасков и Георгиевски за предност од 1:5, што беше знак за Лазаров да побара тајмаут. На голот одличен беше Мартин Томовски кој речиси ги откажа противничките играчи во првото полувреме, зад неговото име беа запишани вкупно 12 одбрани на полувреме. Како одминуваше првиот дел, растеше предноста во корист на нашиот шампион. При резултат 7:11, момците на Недановски до крајот на полувремето направија нова серија од 0:4, па на пауза заминаа со висока предност од 7:15. Во оваа серија, два гола постигна Моралес, додека по еден Талески и Стоилов.

После осум минути игра во вториот дел, Алкалоид успева со серија од 3:0 да намали 11:16, по што Недановски се реши да побара минута одмор. Врзавме два гола во серија, па повторно Вардар беше на висока предност од 13:20 во 43 минута од натпреварот. Со шесттиот гол на Моралес стигнавме до оние највисоки осум гола разлика, резултатот беше 16:24 во 59 минута, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите од овој натпревар. На крајот победа на Вардар со резултат 22:30.

Талески и Моралес беа најефикасни со по 6 голови, Стоилов имаше 5.