Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Втора убедлива победа за кадетите на РК Вардар, момците на Зенга подобри од Бутел
Втора убедлива победа за кадетите на РК Вардар, момците на Зенга подобри од Бутел

Втора убедлива победа за кадетите на РК Вардар, момците на Зенга подобри од Бутел

Кадетите на РК Вардар стигнаа до втората првенствена победа откако беа подобри од екипата на Бутел. На еден ефикасен натпревар со голем број на постигнати голови, славеа избраниците на Зенга со резултат 43:32.

1

Во првите пет минути од натпреварот гледавме игра гол за гол на двете страни, за Вардар да започне полека резултатски да се одлепува. При резултат 5:4, направивме серија од 3:0 и за прв пат поосетно се одлепивме од противникот, откако резултатот гласеше 8:4. Имаше периоди во кои двете екипи играа добро, Бутел се враќаше во игра, откако намалуваше во неколку наврати на два гола разлика, додека во завршните пет минути од првиот дел, резултатот беше и израмнет на 17:17. Младите вардарци повторно земаа залет, па со добра игра на полувреме успеаа да имаат два гола предност, 20:18 беше после 30 минути игра во спортската сала на ОУ „Круме Кепески“.

 Во вториот дел имавме контрола на резултатот во текот на сите 30 минути. Откако гостинската екипа намали на само еден гол разлика, Вардар влезе во најголема серија од 7:1, па во еден момент стигнаа и до највисоки 28:21. Бутел немаше сили повторно да се врати во игра и резултатска неизвесност, само во еден момент намалија на четири гола разлика, кога резултатот гласеше 32:28, но избраниците на Зенга со нова серија од 6:0 стигнаа и до двоцифрена предност, па беше веќе јасно кој ќе стигне до победата. Прашање беше само со каков резултат ќе заврши овој натпревар од 2.коло во кадетската ракометна лига. На крајот висок триумф, втор во серија сезонава за вардарци кои повторно одиграа добар натпревар и на крајот заслужено се радуваат на победата која беше изразена со резултат 43:32.

Интересно е тоа што, сите играчи освен голманите се запишаа во листата на стрелци кај Вардар на овој натпревар. Како најефикасен се покажа Томислав Стаменков кој постигна 12 голови, додека 6 постигна Никола Нечовски. Во листата на стрелци се запишаа уште и Петар Илиевски (5), Матеј Тевдовски (4), Никола Зужелов (4), Матеј Новаковски (3), Јован Божиновски (3), Игор Механџиски (2), Димитар Брзачки (2), Лука Најдовски (1) и Дарио Блажевски (1).