Македонската фудбалска репрезентација до 18 години забележа победа на вториот контролен натпревар против репрезентацијата на Словачка.
За разлика од првиот натпревар на кој бевме убедливо поразени со резултат 1:5, на овој втор меѓусебен дуел младите надежи на Македонија стигнаа до триумф со резултат 3:1.
Тројца вардарови играчи настапија за националната репрезентација на овој натпревар. Марко Стојилевски помина 90.минути на теренот, додека минутажа добија и Димитар Порчу и Алтин Нурединовски.