Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардарци без бодови од домашните дуели со Ну Старс во регионалната лига
Вардарци без бодови од домашните дуели со Ну Старс во регионалната лига

Вардарци без бодови од домашните дуели со Ну Старс во регионалната лига

Вчера, во рамки на 8.коло од Скопската регионална лига, одигравме два дуели со тимот на Њу Старс. На двата меча одиграни на „Локомотива“ бевме поразени.
.
ФК Вардар генерација 2008 беше совлада со минимални 1-2 (0-0), на дуелот со тимот на Њу Старс. Имавме водство на оваа средба, сепак истото не го задржавме.
.
Вардар: Грбевски Павел, Јевтоски Христијан, Цветковски Филип, Стамчевски Леонид , Кесиќ Матео Ташевски Иван, Бојовиќ Заев Душан, Блажевски Петар , Буцевски Дамјан, Кадрији Ендрит и Дарлишта Беким.
/
Првиот дел не донесе погодоци во мрежата на нашиот голман Грбевски Павел и чуварот на мрежата на гостинот, Ѓорѓиевски Лука.
Во вториот дел видовме три погодока, за жал два во нашата мрежа и еден во мрежата на ривалот. Ние поведовме со 1-0 преку Јевтоски Христијан во 54.минута, Поранешниот вардарец, Киш Матеј во 68.минута донесе резултатска симетрија, а во 71.бевме совладанин за 1-2 резултат со кој бевме поразени.
/.
Играа уште: Идризи Омер, Шотаровски Марко, Блажев Дамјан и Делев Данило.
.
ФК Вардар генерација 2009 беше совладана од Ну Старс со резултат 0-2 (0-1), момците денес немаа ден и одиграа подпросечен дуел.
.
Вардар: Грчевски Лука, Колевски Даниел, Дошев Максим, Котески-Митровски Павел, Чедомирски Алек, Николов Матеј, Ристевски Матеј, Колевски Давид, Галевски Лука, Смиљков Мартин и Јовиќ Андреј.
.
Во првиот дел бевме блиску до водство кога од слободен удар Колевски Давид ја затресе „гредата“ од голот на ривалот. Тоа беше казнето во 34.минута и со негатива од 0-1 заминавме на одмор. Во вториот дел не успеавме да дојдеме до резултатска симетрија, немавме конкретни прилики за погодок. Ривалот со голот во 61.минута ги постави конечните 0-2 на оваа средба од регионалната лига.
/
 Играа уште и Величковски Даријан, Божиновски Михаил и Павловски Давор.