Македонската фудбалска репрезентација до 15 години настапи на 9.издание на меморијалниот турнир, „Јосип Каталински-Шкија“. Нашите млади надежи го освоија 3 место на турнирот.
Најпрво во полуфиналето, момците на Драган Начевски беа поразени од репрезентацијата на Босна и Херцеговина, со резултат 2:1. Во борбата за третото место, Македонија беше подобра од селекцијата на Белград, триумфирајќи со резултат 2:1.
Сите три гола на турнирот беа дело на Стефан Младеновски, играчот кој од Вардар премина во Академијата на ФФМ. Инаку за овој турнир повик за настап повторно доби Милош Спасовски, играчот кој настапува за генерацијата 2006 на Вардар.
Првото место и припадна на БиХ, која на финалниот дуел беше подобра од заедничката селекција на Сараево и источно Сараево.