Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Македонија У16 поразена од Црна Гора, настап забележаа сите вардарови играчи
Македонија У16 поразена од Црна Гора, настап забележаа сите вардарови играчи

Македонија У16 поразена од Црна Гора, настап забележаа сите вардарови играчи

Црна Гора ја победи Македонија У16 на меморијалниот турнир „Миљан Миљаниќ“ кој се одржува во Стара Пазова (Србија). Младите надежи на Вујадин Станојковиќ беа поразени со резултат 2:1 (1:1).

Црна Гора го отвори резултатот уште во првата минута од натпреварот, додека Македонија израмни на истекот на последната минута од првиот дел. Во последните шест минути од вториот дел противничката репрезентација успеа да ја врати предноста и да ги постави конечните 2:1.

Во стартниот состав на Македонија од вардаровите играчи беше само Алтин Алији, додека во игра во вториот дел влегоа и Дарко Сековски, Нуман Ајетовиќ и Стефан Младеновски.

Во четврток во борба за 3.место на турнирот ќе се сретнеме со репрезентацијата на Р.Ирска која загуби после пресврт од селекцијата на Србија со резултат 3:2 (0:2).