Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Познати се противниците за Вардар, во 1/4 финалето од младинскиот Куп на Р.Македонија
Познати се противниците за Вардар, во 1/4 финалето од младинскиот Куп на Р.Македонија

Познати се противниците за Вардар, во 1/4 финалето од младинскиот Куп на Р.Македонија

Познати се противниците за екипите на ФК Вардар во 1/4 финалето од младинскиот Куп на Република Македонија. Вардар беше слободен во 1/8 финалната рунда и директно се пласираше во следната елиминациска фаза.

Патникот во полуфиналето ќе биде познат после само еден одигран натпревар, односно ќе нема реванш. Помладите пионери на Вардар кои се на добар пат да ја освојат Шампионската титула во првенството, во 1/4 финалето на Купот за противник ја добија екипата на Шкупи, а Вардар ќе биде домаќин на овој единствен натпревар.

Пионерите и младинците ќе мораат на гостински терен да „бркаат“ пласман во следната фаза, за тоа да се случи ќе треба да ја елиминираат екипата на Македонија Ѓ.П, додека вардаровите кадети ќе бидат домаќини на Работнички.

Термините на одигрување на 1/4 финалните натпревари ќе бидат дополнително одредени.