Младинците на ФК Вардар стигнаа и до третатата последователна побед, вкупно 14.во оваа натпреварувачка сезона откако славеа на гостувањето во Прилеп, кај екипата на Победа, убедливо со резултат 0:8. Полесно од очекувањата, избраниците на Тодоровски освоија нови важни бодови, со кои останаа во борба за титулата со екипата на Шкендија. Стрелец на два гола во триумфот против Победа беше Александар Младеновски кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од овој меч.
-Впечатоците од триумфот со Победа се одлични, каде што дуелот ми се виде не еднаков, неможам да го потценам тимот на Победа, но сепак ние покажавме максимална игра со што се издвоивме со врвен резултат. Задоволен сум од натпреварот и прикажаната игра на нашиот тим, очекувавме триумф, но се со таков висок резултат.
Александар се повеќе се наметнува во првиот состав на младинците, шанса за трофеј ја бара во купот, иако смета дека ништо не е загубено и во првенството.
-Одлично се снаоѓам во замислите и тактиката на тренерот, работам максимално на секој натпревар каде што тренерот може да смета на мене. Осумте бода заостанати зад Шкендија мислам дека се достижни, но сепак ние сме сконцентрирани за освојувањето на купот, каде се пласиравме во полуфиналето.
Звонко Ивановски