Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Стефан Младеновски: Сакам да продолжам да тренирам и да ја надминам легендата на ФК Вардар, Дарко Панчев
Стефан Младеновски: Сакам да продолжам да тренирам и да ја надминам легендата на ФК Вардар, Дарко Панчев

Стефан Младеновски: Сакам да продолжам да тренирам и да ја надминам легендата на ФК Вардар, Дарко Панчев

Втора година по ред, генерацијата “2007“ на ФК Вардар успева да стане шампион на Македонија. И оваа сезона момчињата од Вардар (1) ја завршуваат сезоната во детската лига без ниту еден пораз, што ретко им успеало на некоја друга екипа во последниве две сезони. Дел од ова шампионска генерација на фудбалскиот клуб Вардар е Стефан Младеновски, кој последниве две години е во врвот на најдобрите стрелци за црвено-црните. Во следново интервју ве запознаваме со Младеновски, со неговите почетоци во фудбалот, за сезоната со неговата генерација и неговите желби за во иднина.

2530

-Започнав да тренирам кога имав осум години. Другите луѓе ми кажуваа како татко ми играл фудбал во ФК Вардар и кај мене се роди желба за фудбалот и решивме да се запишам и да тренирам во ФК Вардар. Прв тренер кој ги забележа моите квалитети беше тренерот Томче Трајановски. Играњето во ФК Вардар за мене е голема чест и привилегија, бидејки во овој клуб играле многу славни имиња како Панчев, Рингов, Пепи Мутибариќ и многу други.

5a-660x330

-Сезоната за мене беше успешна, заедно со моите соиграчи Лука Атанасовски, Лука Јаневски, Киш,Марче Петар, Аце, Борјан, Милош, Диме, Злате, Кико, Никола ,Јоцо Емир и за останатите од оваа генерација. Успеавме на крајот да го освоиме првото место, а успехот добива на тежина бидејќи немавме ниту еден пораз во текот на целата сезона.

 vardarfans-najdobar-golman-i-strelec-kaj-gener-2007

Стефан го доби признанието за најдобар стрелец на завршниот турнир во детската лига.

-Ја очекував оваа награда и со помош на моите соиграчи и мојот труд по трет пат ја освојувам оваа награда која многу ми значи. Успехот на мојата генерација која втора последователна сезона е шампион на Македонија се должи на стручното работење на тренерите Томче Трајановски и Зоран Петковски кои успеаа да не соединат како едно смејство.

Избраниците на Зоран Петковски по освојување на детската лига, беа дел од турнир во Белград, каде стигнаа до најдобрите осум екипи.

-Моите впечатоци за Белград се добри и мислам дака требаше да го освоиме првото место, бидејки бевме најдобра екипа на турнирот. Сепак ова е едно големо искуство за нас како млади играчи, на кои ни е потребно повеќе вакви турнири за да го подигнуваме нивото на игра.

4-finaleto-na-kup-dragan-mance-vo-belgrad_0-660x330

Желба на Стефан е еден ден да биде како легендарниот, Дарко Панчев.

-Сакам да продолжам да тренирам, да откривам нови фудбалски тајни и да ја надминам легендата на ФКВардар, Дарко Панчев-Кобра.

Звонко Ивановски