Четврти јуни долго ќе биде запаметен, како ден кога ракометниот клуб Вардар ја освои европската титула. Црено-црните направија голем подвиг во Келн и од “сенка„ успеаа да ги победат големите екипи на Барселона и ПСЖ и така да станат нови владатели на Европа. После триумфот во големото финале, фановите на Вардар и народот во Скопје се упатија на плоштадот каде го прославуваа историскиот успех на својот миленик.
Погледнете како беше вечерта, кога Вардар стана Европски шампион.
Видео: Телграф.мк