Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Успешна сезона за пионерките на Вардар кои го освоија првенството и силен турнир во Зрењанин
Успешна сезона за пионерките на Вардар кои го освоија првенството и силен турнир во Зрењанин

Успешна сезона за пионерките на Вардар кои го освоија првенството и силен турнир во Зрењанин

Пионеркките на ракометниот клуб Вардар се единствената наша генерација, која успеаа оваа сезона да стане шампион на Македонија. Избраничките на Ристова и Пецевска имаа 12 победи од исто толку одиграни мечеви. Од нив 10 беа во регуларниот дел на сезоната, додека 2 се на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Во текот на целата сезона постигнавме вкупно 310 голови, додека примивме 107.

Сите постигнати резултати во регуларниот дел на сезоната:

1 коло: Вардар – Чаир  28:2

2 коло: Вардар – Стружанка  25:11

3 коло: Макалоски – Вардар  09:27

4 коло: Вардар – Преспа Нова  24:4

5 коло: Лихнид – Вардар  11:27

6 коло: Чаир – Вардар  04:17

7 коло: Стружанка -Вардар  10:22

8 коло: Вардар – Макалоски  29:6

9 коло: Преспа Нова – Вардар  09:37

10 коло: Вардар – Лихнид  27:07

На завршниот турнир, кој се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда, пионерките на Вардар ги победија екипите на Куманово (полуфинале) за во големото финале да го победиме Металург.

ЖРК ВАРДАР – ЖРК Куманово  23:14

Металург - ЖРК ВАРДАР  20:24

За најдобар голман на завршниот турнир беше прогласена Јована Трајкоска, додека најдобар играч е Андреа Седлоска и двете од редовите на Вардар.Нашите надежи беа дел и од силни меѓународни турнири, на кои освоија прво место на турнирот во Зрењанин и трето на турнир во Белград.

pio2-1-660x330

Златните девојки се: Јована Трајкоска, Ангела Гроздановска, Јана Арсовска, Катерина Дамјановска, Стефанија Ѓорѓиевска, Јана Донева, Мирјана Петковска, Симона Трајковска, Стефани Софтовска, Магдалена Насковска, Ангела Костовиќ, Сара Миновска, Андре Седлоска, Ива Јаковчевска, Марија Галевска и Ана Гонзалес. 

Тренери: Драгана Ристова и Билјана Пецевска.