Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар е најуспешна македонска екипа во последните 25 години според пласманот на УЕФА ранг листа
Вардар е најуспешна македонска екипа во последните 25 години според пласманот на УЕФА ранг листа

Вардар е најуспешна македонска екипа во последните 25 години според пласманот на УЕФА ранг листа

Нашиот љубимец  шампионот ФК  Вардар  се наоѓа  највисоко на ранг листата на најуспешни клубови во последните 25 години според УЕФА. Вардарци се наоѓаат на 174-то место листата. Од домашните  клубови зад нас се  Работнички 181.место потоа Слога Југомагнат 293. место, Силекс е 331. место, прилепска  Победа е на 371. место,  Македонија ЃП е 452. место, а нашиот  главен ривал за титулата тетовска Шкендија   е дури на 462.место.

Нашиот ривал во Лигата на Шампионите шведски Малме на оваа листа е позициониран на 57 место. Зад нас се англиските Лестер и Евертон, Ленс Франција, Динамо Минск и.т.н На првото место се наоѓа актуелниот европски шампион шпански  Реал Мадрид. Потоа следува   Баерн Минхен и екипата на Барселона. Во топ-10 се и тимовите на  Манчестер Јунајтед, Милан, Јувентус, Бенфика, Порто, Арсенал и Ливерпул.
Листа можете да ја погледнете ТУКА.