Македонската ракометна репрезентација го заврши квалификацискиот циклус на првото место и на тој начин обезбеди пласман на европското првенство, кое следната година ќе се одигра во Хрватска, а денес ќе ги дознаеме и противниците во групната фаза.
Во идеалниот тим на последните две кола од квалификациските натпревари се најде и еден играч на Вардар. Се работи за Вуко Борозан како најдобар лев бек. Вуко е најзаслужен за пласманот на Црна Гора на ЕП, тој беше најдобар стрелец на својата селекција во овој циклус на натпревари. Во најдобриот тим место имаше и за Кирил Лазаров и Борко Ристовски.