Викендов се одигра 13 коло во првенството на младинските лиги. Противник на нашите категории беше екипата на Македонија Ѓ.П.
-Помладите пионери први ја започнаа серијата натпревари против овој противник, каде забележаа убедлива победа од 5:0. Марко Ѓоргиевски повторно беше во центар на вниманието псотигнувајќи два погодоци. Кренарт Дардиша, Горјан Трајковски и Стефан Миљковиќ по еднаш ја затресоа противничката мрежа. Ова е важна победа за оваа генерација, која останува во отворена битка за титулата.
-Пионерите никако не успеваат да победат. По нерешениот резултат без голови против Пелистер во минатото коло, викендов повторно одиграа со поделба на бодовите со екипата на Македонија Ѓ.П. Капитенот Дејан Маркоски го постигна единствениот погодок за Вардар.
-За разлика од младинците и пионерите, кадетите не оставаат ништо на случајноста забележувајќи нов голем триумф. Се поизвесно е дека оваа генерација на Вардар е многу блиску до освојување на титулата, откако нивниот најголем конкурент, екипата на Металург два пати киксна во пролетниот дел. Виктор Димков и Есмин Личина постигнаа хет-трик. Јасир Беќири додаде два, а по еднаш стрелаа Ердон Даци и Александар Најдоски.
-Нов неуспех и за младинците на Вардар кои доживеаа пораз на гостувањето во Ѓорче со резулта 2:1. Петар Петковски погоди за црвено-црните, кои сеуште се без победа во пролетниот дел од првенството.
Во следното коло противник е екипата на Работнички.