Во саботата во С.Ц. Јане Сандански екипата на Жрк Вардар забележа важна победа од шест гола разлика, пред реваншот во Унгарија против актуелниот европски првак-екипата на Ѓер. Цепелинот на Пенезиќ и Радичевиќ донесе воодушевување кај публиката, а нивната атракција е избрана во ТОП 5 најубави голови, односно на третото место. Истиве овие ракомеарки како најефикасни го завршија натпреварот. Радичевиќ беше најпрецизна постигнувајќи 7, а Пенезиќ додаде 5 голови.
ВИДЕО-ТУКА