Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар одиграа „контролка“ со Брегалница Штип
Младинците на ФК Вардар одиграа „контролка“ со Брегалница Штип

Младинците на ФК Вардар одиграа „контролка“ со Брегалница Штип

Младинците на ФК Вардар денес во  тренинг  центарот на црвено-црните во Скопје ја пречекаа екипата на Брегалница од Штип. На овој контролен дуел бевме совладани со резултат 4-1, младинците полека го бараат својот „лик“ задоцнија со подготовките и голем број нивни поединци се прекомандувани во првиот тим.

118870106_10218020960297764_7299405794964300662_o

Филип Ивановски оваа средба ја започна со следните 11 играчи: Стојковски,  Илиев, Шабани, Мицевски, Хасани, Давидовски, Петејчук, Симев, Исени, Салиу и Живков.

На почетокот на дуелот двата тима играа резервирано, потоа противникот искористи една прилика и го отвори резултатот. Брегалница поведе со резултат кој подоцна се покажа како конечен за првиот период. Ние се заканивме преки Салиу, тој изведе слободен удар топката го закачи „живиот ѕид“ и заврши крај стативата.

118934772_10218020779373241_1226699202982465954_o

Потоа Илиев се закани со глава кон голот на сино-белите. До крајот имаше уште три прилики, две имаа нашите момци. Салиу од 25.метра шутна над гредата на противникот, потоа одкосо Симев упати удар кој најпрвин беше центар-шут, но топката смени правец и за малку ќе го изненадеше противничкиот голман. Штипјани имаа една прилика на крајот, голманот Лука Стојковски вешто одбрани.

118888791_10218020960377766_3143905301539246526_o 118901127_10218020960497769_1288414871883798186_o

Во вториот дел гостинот веќе на самиот почеток по еден контра напад успеа да ја удвои предноста и погоди за 0-2. Ринор Исени потоа имаше две големи прилики за погодок, кои не ги претвори во гол за преполовување на негативата. Две прилики имаше и Петејчук Анатолиј, во првата погоди крај дирекот, во втората ја погоди целта. Одлично се снајде пред противничкиот гол, совладувајќи го поранешниот член на Вардар, голманот на штипјани Китановски Кристијан.

118941379_10218020959057733_1899380332594917293_o

До крајот падна темпото, времето беше топло бидејќи се играше натпреварот напладне, ривалот имаше повеќе опции да менува од клупата за разлика од нас кој речиси и да немавме. Во финишот Брегалница со два гола дојде до победа со резултат 1-4. Стојковски на нашиот гол иако беше совладан четири пати денес имаше дузина одлични интервенции.