Денес на домашен терен, на стадионот „Локомотива“, младиците на ФК Вардар беа домаќини на Шкендија. На оваа средба гостинот дојде до три бода со резултат 0-3 (0-3)
Состав: Филевски Никола, Фидановски Зоран, Јовановски Филип, Стојановски Стефан, Дошев Ѓорѓи, Каровски Сандро, Серафимов Давор, Анчевски Никола, Цветков Горјан, Уневски Никола и Стојилевски Марко.
Нападнавме први имавме и прилика за гол, од слободен удар погодивме статива преку Дошев Ѓорѓи, истиот играч имаше прилика и потоа. Противникот погоди од пенал и поведе со 0-1. Две прилики за нас имаше потоа Цветков Горјан, сепак не погодивме. Ривалот искористи две наши невнимание и поведе со 0-2 па со 0-3. Последна шанса за нас имаше Каровски Сандро , чии удар го одбрани голманот на самата линија, на одмор заминавме со негатива од три гола.
На почетокот на вториот период се заканивме од дистнаца преку Јовановски Филип, неговиот удар го одбрани голманот на гостинот. Потоа со глава се закани за нас и нововлезениот Алексоски Андреј, сепак не погодивме. Шкендија имаше две прилики кој ги одбрани нашиот голман Апостоловски Илија. Ние имавме обид од дистанца, удар упати Дошев Ѓорѓи, одбраната на ривалот успеа да ја спаси. Тоа беше последна шанса на оваа средба која ја загубивме со 0-3.
Во игра влегоа: Апостоловски Илија, Алексоски Андреј, Спасиќ Тино, Стојановски Христијан и Блажевски Филип.