Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Џатевска и Коцева со настап за мак.селецијата на контролката со Норвешка
Џатевска и Коцева со настап за мак.селецијата на контролката со Норвешка

Џатевска и Коцева со настап за мак.селецијата на контролката со Норвешка

Вчера, женската репрезентација на Македонија по минималниот пораз на првиот пријателски натпревар, загуби и во вториот од селекцијата на Норвешка Б, на оваа средба бевме совладани убедливо со десет гола разлика,  гостините победија со резултат 27-37.

 Македонската селекија беше рамноправна се до 13-13, имавме резултатска симетрија на оваа средба пред финишот на првиот дел. Сепак тие успеаа да заминат со предност од  два гола на одмор, односно со 14-16.
Во вториот дел норвежанките беа далеку подобри на теренот успеаа да се одлепат на двоцифрена разлика и да не совладаат со 37-27 на ова втора контролка одиграна во Скопје.

Настапија две вардарки Џатевска Ивана и Коцева Бојана, втората успеа да се запише во листата на стрелци.