Младинците на Фк Вардар ги одработуваат последните подготовки пред почетокот на новата сезона во младинската лига. Избраниците на Љупчо Марковски забележаа нов триумф во пријателски меч. На теренот во Ново Лисиче, црвено-црните забележаа убедлива победа, против своите врсници од Еуромилк. Конечниот резултат беше 4:0. Стрелци на головите беа Виктор Димков, Јасир Беќири, Кристијан Апостоловски и Ердон Даци. Уште на полувреме нашите надежи имаа предност од 2:0.
Претходно истиов состав одигра уште четири пријателски натпревари, на кои забележа три победи и еден пораз. Триумф и пораз беше остварено во дуелите со второлигашот Фк Скопје. Убедливи победи од 9:0 против Фк Вардар генеарција “1999“ и триумф од 5:0 против Реал Ниш од Србија. Новата сезона е планирано да стартува на 22/23 август со градското дерби помеѓу Вардар и Работнички.
Фото: ТК Медиа