Македонската радио телевизија одлучи да ги пренесува натпреварите од меѓународните ракометни турнири, во организација на Рк и Жрк Вардар. Машкиот дел од турнирот ќе се игра во периодот од 24-27-ми август во С.Ц. Јане Сандански. Црвено-црните се наоѓаат во група А заедно со екипите на Нексе и Чеовски Медведи. Во групата Б ќе играат Металург, Краснодар и Кристијанштад.
Термините на одигрување на натпреварите, на кој ќе настапи нашиот шампион се следниве:
24 август Вардар – Нексе (20:00)
25 август Вардар – Чеховски (20:00)
27 август финале (20:00), за трето место (18:00), за петто место (16:00).
Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде домаќин и на силен меѓународен женски турнир. На турнирот учество ќе земат силни и квалитетни екипи, меѓу нив е и актуелниот европски првак-Будуќност. Нашиот шампион ќе игра во група со тимовите на Подравка и Лајпциг. Другата група ја сочинуваат Будуќност, Савехоф и Ростов Дон.
Термините во кои ќе игра Жрк Вардар се следниве:
29 август Вардар – Лајпциг (20:00)
30 август Вардар – Подравка (20:00
1 септември финале (20:00), за трето место (18:00), за петто место (16:00).