Младинците на ФК Вардар денес гостуваа во Тетово, на екипата на Шкендија, во рамките на првиот меч од 1/4 финалето на Купот. Нашите млади надежи го загубија првиот дуел со резултат 3:1
Уште во втората минута од мечот, екипата од Тетово го отвори резултатот и поведе со 1:0, додека во 36 минута од дуелот имаа и водство од 2:0. На самиот старт на вториот дел, тимот на Шкендија го зголеми резултатот на 3:0, додека надеж за Вардар дека може да стори нешто повеќе на реваншот во Скопје, донесе Хиџрет Рушити, кој во 51 минута го намали резултатот на 3:1, кој на крајот се покажа како конечен на овој дуел од Купот на Македонија.
Вардар: Андов, Зендели, Мирчевски, Костовски, Манасиевски (c), Мицевски, Хасановиќ, Цури, Ристовски, Трајановски, Рушити.
Во игра влезе уште и Исени.