Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар почнувајчи од вчера па се до 21.јануари се на зимска пауза. Мора да се напомене дека имавме успешна полусезона, со надеж за уште подобри остварувања на крајот од оваа натшреварувачка сезона. Двете генерации на Вардар родени “2004„ и “2005„ завршија како есенски шампиони во регионалната-скопска лига. Генерацијата “2004„ е со два бода предност пред екипата на Работнички, додека генерацијата “2005„ има осум бодови повеќе тимот на Работнички.
Помладите пионери исто така завршија на првото место во есенскиот дел, со ист број на освоени бодови како и прилепска победа, но со подобра гол разлика, додека пионерите имаат два бода повеќе од екипите на Академија Пандев и Работнички. Во пролетниот дел се надеваме на подобри игри од кадетите на Вардар кои завршија на седмото место, додека младинците се есенски вицешампиони.
Доминиравме и во детската лига, каде имавме исто така успешни настапи. Генерацијата “2007„ заврши со максимален број на освоени бодови, или 20 победи од исто толку натпревари. Успешни беа и Вардар (1) кај генерациите “2006„ кои имаа девет победи и еден пораз, потоа од “2008 и “2010„„ кои завршија со десет победи, како и од генерацијата “2009„ кои на десет мечеви имаа девет победи и еден нерешен резултат.