Својот 57-ми роденден, денес го прославува поранешниот голман на РК Вардар потоа тренер во машкиот, а сега во женскиот тим Александар Царчев. Тој своето ракометно знаење несебично го пренесуваше и ќе го пренесува на младите вардарови голмани кои се иднината на црвено-црниот тим. Интересен факт е дека тој како и РК Вардар се “родени“ во истата 1961 година, токму црвено-црниот тим му го одбележа поголем дел од животот и кариерата.
Редакцијата на Вардар фанс му го честита роденденот на господинот Александар Царчев и му посакува успешно “производство“ на уште многу вардарови голмани.