Регионалниот лидер во приредувањето игри на среќа, компанијата Mozzart, уплати донација од 200.000 денари за скопскиот гигант Вардар кој се бори за опстанок и егзистенција поради големите финансиски проблеми.
Со години Вардар е еден од најпрепознатливите брендови во Македонија, но во изминатиот период е оставен на милост и немилост. Таквите потези го донесоа славниот клуб кој во „екс-Ју“ лигата рамноправно се натпреваруваше со Партизан, Црвена Звезда, Динамо, Хајдук…, на раб на пропаст, без услови за натпревари и тренинг и во второлигашкото друштво.
Инаку, оваа донација е втора од ваков вид, по онаа во 2021 година, кога Mozzart исто така се приклучи на акцијата на „Комити“ за спас на ФК Вардар и донира 1.000.000 денари.
Оваа донација треба да биде поттик и за останатите компании да му помогнат на националниот бренд на Македонија. Борбата за Вардар не застанува тука, туку продолжува и понатаму. Да го спасиме Вардар! За Скопје и Македонија, за новите Панчев и Рингов, за новите Дојчиновски и Дончевски, за новите Ќириќ и Бајевски…, стои во објавата на Mozzart