Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Молк во Чаир ! Помладите пионери со цел “плен“ заминаа од гостувањето во Чаир
Молк во Чаир ! Помладите пионери со цел “плен“ заминаа од гостувањето во Чаир

Молк во Чаир ! Помладите пионери со цел “плен“ заминаа од гостувањето во Чаир

Утрово на теренот во Чаир се одигра натпревар од 6 коло во првенството, помеѓу помладите пионери на Шкупи и Вардар. По се што се случуваше на овој меч, на крајот како победници излегоа Вардарци, кои ги освоија трите бода на жешкиот терен. Конечниот резултат гласеше 0:1. Единствениот стрелец на погодокот беше Ибрахим Ариф.

Избраниците на Сашо Јанев јуначки го одиграа целиот натпревар, кој беше многу груб и на моменти не личеше на фудбал. Целта на домаќинот да стигне до трите бода на секаков начин, не им успеа па на крајот со наведнати глави си заминаа од својот терен. Двете екипи го играа целото второ полувреме со 10 играчи, откако на крајот од првиот дел беа доделени црвени картони, по еден на двете страни. Кај нас поцрвене Давид Бојковски. Вардар добро го започна натпреварот имаше поголем посед на топка и ја контролираше играта на половината на противникот. Шкупи се обидуваше со без број прекршоци да ја умртви нашата игра, некои од тие на моменти изгледаа опасно по нашите играчи. Уште порано главниот судија на овој меч, требаше да ги вади картоните поради стартовите од позади на противничките фудбалери. Таквата груба игра на Шкупи кулминираше на крајот на првиот дел, кога дојде до вербален дуел помеѓу играчите на двете екипи. Судијата се реши да им покаже црвен картон на Бојковски и и еден од противничките играчи. Така заврши првото полувреме со почетните 0:0.

Набргу страстите се смирија, па започна и вториот дел. Првата поголема шанса за постигнување на гол ја имаше Марио Асенов од составот на Вардар. Црвено-црните продолжија со добра игра, што резултираше со шанса за Мартин Спировски кој не успеа да го отвори резултатот. Конечно напаѓачката игра донесе резултат, кога при еден прекршок кој го направи противникот беше досуден фаул за нас. Ибрахим Ариф од слободен удар шутираше прецизно во противничката мрежа, за голема радост во тие моменти на Вардарци. До крајот на овој дуел, Шкупи имаше можност да израмни погодувајќи ја стативата и од скратен корнер, кој заврши преку нашиот гол. На среќа на нашите надежи, резултатот остана непроменет и заврши со конечни 0:1.

Помладите пионери играат одлично и се најуспешната Вардарова генерација до ова коло. Се наоѓаат на првото место на табелата со пет победи и само еден нерешен резултат. Честитики за денешната јуначка борба и за трите бода од овој дуел.