Денеска официјално започна новата сезона во детската лига. Во неа учество ќе земат сите генерации на фудбалскиот клуб Вардар. Една од сигурно нашите најдобри категории која бележеше одлични резултати изминатиов период, генерација “2004“ стартуваше со две убедливи победи во оваа лига. Избраниците на Филип Арсовски во детската лига настапуваат со две екипи, кои ќе се натпреваруваат како тим 1 и тим 2.
Фк Вардар (1) генерација “2004’ им одржа вистинска лекција на своите врсници од Работнички. Натпреварите се играат на терените на ФФМ, едно полувреме се игра по 20 минути. Конечниот резултат од 7:1 беше вистинската слика за она што се случуваше на теренот. Нашите момчиња не оставија ништо на случајноста и од првите минути го напаѓаа голот на противникот. Првото полувреме го добивме со резултат 3:1, што беше добар увод за во продолжение од мечот.
Во второто полувреме, момците успешно ја спроведуваа секоја тактика и замисла на нивниот тренер. Противникот не успеаа да постигне гол, на другата страна црвено-црните уште четири пати ја тресеаа нивната мрежа. Конечниот резултат гласеше 7:1. Хет трик на овој натпревар постигна Георг Стојановски кој одигра одличен натпревар. Огнен Здравковски го следеше со два погодока, по еден постигнаа Марио Ричков и Горазд Попов.
Вториот тим на Фк Вардар службено со резултат 3:0 го доби натпреварот со екипата на Шкупи. Причина за ваквиот епилог е поради немањето на медицинско лице, во таборот на противникот. Детската лига само што започна, не очекува интересна сезона со натпревари кои ќе се играат секој викенд.