Дали тие знаат кој се Комити, кога е во прашање Вардар!? Верната вардарова сенка несфатливо индиректно ”е избркана да дојде утре, и да го бодри својот РК Вардар” Сите знаеме поради кои причини. Од една страна несфатлив е потегот ФК Вардар да игра од 15:30 часот, а од друга страна од 17:30 часот да игра РК Вардар. Е сега, најверните навивачи беа спремни да отидат и на двата натпревари (како што го прават тоа и многу пати кога се поклопуваат термините на ФК и РК). Но овој пат дојде до уште поголем проблем, кога управата на Вардар преку својот веб – сајт даде соопштение дека вратите ќе се затвараат во 17:00 часот, и потоа никој нема да може да влезе на натпреварот. Можеби да играше Вардар со некоја екипа која доаѓа во Скопје со неколку стотина навивачи па ајде да се кажеше… но вака !? да се ”бркаат” најверните, кој минатата сезона го носеа РК Вардар до 1/4 финалето…. Несфатливо…
Дали заборавија.. Комитите поминаа толку многу километри за да го бодрат својот клуб во Полска, против Висла Плоцк (Фото), на сите домашни натпревари беа од огромна поддршка за нашите момци, со неверојатен притисок кон противникот. Се ”чудеа” играчите на Барса пред две години, каков е тој амбиент, што го прават вардаровите навивачи, минатата година навивачите на Висла кога дојдоа во Скопје беа во неверување како тоа навива цела сала во еден глас…. И уште многу изјави на играчите на противничките клубови кој рекоа: Ова што го има овде, го нема никаде… Епа сега запрашај те се, дали е исто со Комити или не? Поддршка за нашите момчиња на утрешниот меч. Напред Вардар, во срце те носам!